Во Албанија богатите семејства ќе плаќаат поскапа струја
Албанскиот премиер Еди Рама од собраниската говорница на денешната пленарна седница, најави дека се прави студија со која ќе се разгледа можноста богатите домаќинства да плаќаат поскапа електрична енергија.
Тој уште еднаш ја повтори одлуката на Владата со која нема зголемување на цената на електричната енергија за албанските домаќинства и покрај енергетската криза и неповолната хидролошка состојба од која зависи домашното производство.
Тој нагласи дека за другите домаќинства нема да има зголемување на сметката за енергија, за што Владата ќе продолжи да ја плаќа разликата.
Локалното производство на електрична енергија во Албанија зависи од хидроенергијата, а сушата во последните месеци ја влоши и онака лошата ситуација со електрична енергија во земјата.
Поради неповолната хидрологија акумулацијата на најголемата хидроелектрана „Фиерза“, која е втора во поголемина на Балканот, според последните информации е на критичниот минимум, поради што запрено е производството.
Претходно Владата соопшти дека ќе мора да потроши околу 550 милиони евра за увоз на електрична енергија.
Ново на Сител
-
Рама: На изборите во Косово не давам предност на никого
-
Малолетник нападнат и ограбен во автобус на ЈСП
-
Ограбена аптека во Аеродром
-
Во Хрватска почна еднонеделен бојкот на маркетите Конзум
-
Тошковски: Потребни се сериозни реформи за поефикасен систем за справување со пожари и елементарни непогоди
-
Росица Кулакова: Kоренот на сите проблеми во општеството доаѓа од судскиот систем
-
91-годишна скопјанка измамена за 300.000 денари
-
64-годишен скопјанец пронајден починат во неговиот дом