Во Албанија 361 лице заразено со Ковид-19, излекувани 104, починати 20 лица

Во Албанија дијагностицирани се нови 28 случаи со Ковид-19, меѓу нив и едно дете, со што официјалната бројка на заразени со новиот коронавирус се зголеми на 361 лице.
-Во последните 24 часа се тестирани примероците на 149 лица за кои постоеше сомневање дека се можни носители на вирусот, при што позитивни резултат се добиени кај 28 од нив, со што вкупната бројка се зголеми на 361 лице. До сега 104 се излекувани,информираше Албана Фицо директорка на Институтот за јавно здравје.
Според неа, регистрирани се две нови жртви, 84-годишна жена од Тирана која пред четири дена била хоспитализирана во Инфективната клиника и 80-годишна жена од Скадар која починала во болницата во овој град, со што вкупната бројка на почнати се зголеми на 20 лица.
-Во Инфективната клиника во Тирана хоспитализирани се 64 пациенти од кои пет се на интензивна нега, додека еден е интубиран. Во болницата „Шефќет Ндроќи“ се седум пациенти, од нив шестмина на интензивна терапија од кои двајца се интубирани, рече Фицо.
И понатаму најголем број од заразените се од Тирана, односно 174.
Според оценката на Фицо, зголемениот број заразени од Ковид 19 се должи на непочитување на мерките и препораките, пред се да не се излегува од дома и неодржување социјална дистанца.
Ново на Сител
-

Мбапе му донесе победа на Реал над Барселона
-

Како до побрза дигитализација на македонските компании? Андоновски и бизнис-заедницата на иста маса
-

Нетанјаху бара засилена поддршка од Трамп пред изборите - Белата куќа гледа знак на очај
-

ЕУ предлага поблиска соработка со Србија по победата на Студентската листа на парламентарните избори
-

Јотова и Ѓуров одат во вториот круг, само 20 отсто од Бугарите гласаа
-

Променливо облачно со локален дожд
-

Вучиќ: Ги изгубивме изборите
-

Затворени гласачките места во Србија, излезноста до 19 часот над 67 отсто
