„Во агонија“ од Крлежа на „Охридско лето“
Во рамки на фестивалот „Охридско лето“ вечер, во предворјето на црквата „Света Софија“, ќе биде изведена театарската претстава „Во агонија“ од Мирослав Крлежа.
Улогата на Лаура Ленбахова ќе ја игра Нела Кочиш, Иван племенитиот Крижовец е Озрен Грабариќ, а Барон Ленбах го толкува Дарко Стазиќ. Сценографијата е на Петра Крилетиќ, додека изборот на костимите го направи Марита Ќопо.
Претставата а авторски проект на актерите од ПУК - патувачки театар и сцена Рибњак - Младински центар Рибњак од Хрватска.
Славната драма на Крлежа, дел од трилогијата за Глембаеви, е поставена како жесток судир на тројца луѓе, сензитивната и разочарана Лаура Ленбахова, нејзиниот интимен пријател, адвокатот Иван, и мажот и, пијаница и коцкар.
Претставата „Во агонија“ е играна на сите сцени на Хрватска, а со тоа, според Кочиш, се уште поголеми предизвикот и одговорноста да се создаде нешто ново и поинакво.
- Експериментираме, истражуваме, настојувавме да создадеме претстава која нема да биде само убава интонација и совршено изговорени реченици на Крлежа без емотивно покритие. Нашата цел беше да создадеме возбудлива, жива, драматична претстава што ќе биде поинаква, но сепак ќе остане на Крлежа, вели Кочиш.
Ново на Сител
-
Угинаа две лами во скопската Зоолошка - Кај првата е утврдено дека имала туберколоза
-
Тема на денот со Гордан Јорданов, од Обединета македонска дијаспора
-
Уапсен директорот на Геријатрија – земал поткуп од 20 000 евра
-
Обвинителството нема да го гони судијата за поправањето оценки
-
Мицкоски: Правдата за Теодора не е задоволена, Судски да ја преиспита работата на тетовскиот судија
-
Четворица од повредените во Кочани во подобрена состојба денеска се испишани од софиската болница “Пирогов”
-
Филипче повика на уставни измени, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека е апсурдно да зборува за ЕУ
-
Меџити: Таравари да одлучи или со нас во Влада, или е со ДУИ