Во „Аџибадем Систина“ првпат изведена операција на срце кај двегодишно дете со минимална инвазивна техника

Операција на вродена срцева мана кај дете со минимална инвазивна техника се изведе првпат на одделот за детска кардиохирургија при Клиничката болница „Аџибадем Систина“.
Станува збор за двегодишно дете кое е оперирано со страничен пристап до срцето, нешто што досега ретко се применува и на Балканот. Операцијата ја изведе кардиохируршкиот тим од болницата, а детето брзо заздравува.
Интервенцијата инаку е изведена кај дете кое има само 13 килограми со дијагноза атријален септален дефект. Била изведена со десна торакотомија од пет до седум сантиметри односно десна инцизија од градниот кош, односно се оперирало со страничен пристап до срцето. Тимот специјалисти ја изведе операцијата успешно, а бенефитите за детето се огромни од аспект на забрзано заздравување, но и од естетски план.
– Станува збор за пристап кој првпат се применува во нашата болница, но можеби и за прв пат во нашата држава кога станува збор за интервенција кај двегодишно дете. Особено ни е драго што навистина применуваме техники и методи кои се користат во најразвиените болници во светот. Ова е само доказ дека нашиот тим работи одлично, вели Владимир Чадиковски детски кардиохируг.
Детето е пуштено на домашно лекување по четири дена. Интервенцијата е доказ дека тимскиот и мултидисциплинарен пристап на двата тима од Македонија и од Турција во третирање на децата со вродени срцеви аномалии се повеќе вродува со плод, посочуваат од болницата.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ го прославува 36. роденден
-

Филипче: Ни требаат храбри одлуки
-

Стопанска банка и Мастеркард го прошируваат партнерството со поволности за корисниците
-

Тема на денот со Драган Ковачки, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

Мицкоски за реконструкција на владата и инфрастуктурни и здравствени проекти на југоистокот
-

Протоколот со Бугарија останува дел од извештајот за напредокот на Македонија
-

Средба Муцунски - Мекенти: Поддршка за европската интеграција и јакнење на билатералната соработка со Ирска
-

8 години од Преспанскиот договор
