-->
-->
Во 9-тиот месец од бременоста направила ултразвук и сфатила дека воопшто не е бремена
-->

Алена Авдеева од областа Челабинск имала медицинска документација од лекар во која се тврди дека е бремена и очекува близнаци. Според документот кој е потврден во јануари оваа година, оваа 26-годишна девојка била во 9-тиот месец од бременоста.
Ја пратиле во Градската болница во Миас каде направила ултразвук, по кој и кажале дека отчукувањето на срцето на нејзините деца веќе не се слуша.
По итна постапка и направиле царски рез, но после операцијата следувал шок. Авдеева, всушност не била бремена, а наместо плод во утробата носела циста, која била отстранета за време на операцијата.
Кога се вратила кај својот лекар, без деца, сите биле изненадени. Кратко време откако дознале дека на жената и била дадена погрешна дијагноза, сите нејзини пребарувања кои ги извршила за време на лажната бременост, мистериозно исчезнале.
Набргу потоа следеле обвинувања дека мајката на три деца ги лажирала резултатите од ултразвукот направен во Градската болница во Миас.
„Го направила тоа за да го задржи сопругот“, - изјавил неименуван извор.
Но, кај својот гинеколог била четири пати. Редовно правела тестови во крвта и урината, но очигледно никој не сфатил дека нешто чудно се случува и дека тоа не е бременост.
- Направи само општи клинички тестови, другите ги одби, - изјавил извор од болницата во Челабинск.
Раководителот на гинекологија во локалната болница, која ја водела нејзината бременост, побарал полициска истрага за случајот. Полицијата овој случај го нарекла „матен“, пренесува „Siberian Times“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп: Го откажав вториот бран напади врз Венецуела
-

Почина жената што беше прегазена утрово кај ТЦ Беверли Хилс
-

16-годишник монтирал слики со експлицитна содржина од малолетничка во Куманово
-

Препознатливиот навивачки „брк“ Ристо Шиц ќе патува со Фанагата во Данска на ЕП
-

Сопствениците на „Констелејшн“ на суд поради пожарот во барот во Кран - Монтана
-

Тројца кавадарчани приведени за семејно насилство и закани во еден ден
-

Од утре попладне снег насекаде во државава, од следната седмица многу студени утра и дневни температури под нула
-

Двајца 30-годишници пронајдени мртви во викендица во гостиварско
