Во 27 сообраќајки викендов во Скопје, повредени 21 лице
Изминатите три дена на подрачјето на Скопје во вкупно 27 сообраќални незгоди три лица се здобиле со тешки телесни повреди, а 18 се полесно повредени.
Во десет сообраќајки е предизвикана само материјална штета.
Како што информира МВР, за време на викендот се откриени поголем број прекршоци и се санкционирани 11 возачи за непочитување на ограничувањето на брзината на движење, шест возачи за управување возило под дејство на алкохол, 10 возачи кои поминале на црвено светло на семафор и двајца возачи за неотстапување првенство на минување на пешаците на обележан пешачки.
Вкупно 25 возачи управувале возило по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола, а 80 за непрописно паркирани возила.
Со помош на специјално возило „пајак“ отстранети се 73 возила.
Одделението за превенција при СВР - Скопје во координација со „Здравствен дом“ на Скопје при Министерството за здраство, од денеска до 15 мај ќе спроведе едукативни работилници во средните училишта на подрачјето на градот Скопје, на тема „Влијанието на алкохолот, дрогата и психотропните супстанци врз безбедноста во патниот сообраќај“ со учениците од III-та и IV-та година.
Ново на Сител
-
Опозицијата иницира надзорна расправа за решавање на проблемот со загадениот воздух
-
Граѓаните се повеќе пријавуваат лекари кои им побарале мито
-
Потребни се итни мерки за заштита на охридскиот регион
-
Учениците знаат за селекција, но немаат услови за примена
-
Преглед на вестите од светот
-
Нова анкета за довербата во правосудството?
-
Тема на денот со Жана Базби, бизнис психолог и психотерапевт (Лондон)
-
Битoлски хирург фатен како прима поткуп по направена операција на жолчка