Во 2022 година одбиени 26,29% баратели од Македонија за виза во САД
На официјалната веб-страница на американскиот Стејт департмент се објавени податоци за процентот на одбиени барања за виза за САД во 2022 година. Во објавената статистиката по држави од кои се примени барањата, се наведува дека лани биле одбиени 26,29 отсто од барањата од апликанти од Република Северна Македонија.
Во официјалниот документ се наведува дека речиси 20 отсто барања за виза за САД биле одбиени од Босна и Херцеговина, 5,56 отсто од Хрватска, 13, 47 отсто од Словенија, 19,45 отсто од Србија, 17, 93 од Косово, 27,55 од Албанија и 34 отсто од Црна Гора.
На објавениот список има и земји со нула проценти односно на оние на кои не им било одбиено ниту едно барање или дури не побарале виза. Тоа се Андора, Сан Марино, Северна Кореја, Монако и Маршалските Острови.
Од барањата за виза за САД биле одбиени и 3,66 отсто од Аргентина, Австрија– 6,97 отсто, Барбадос 6,55 отсто, Брунеи 5,41 отсто, Швајцарија 3, 05 отсто, Папуа Нова Гвинеја 4,93 отсто, Гватемала 5,45 отсто, Исланд 3, 24 отсто, Израел 2,27 отсто, Тајван 4,56 отсто.
Единствената земја на која се одбиени сите барања за американска виза е Микронезија со 100 отсто, а потоа следи Мавританија со 89 отсто.
Меѓу земјите со висок процент на одбиени визи се Сенегал со 66 отсто, Авганистан 52 отсто, Бурунди 69 отсто, Канада 58 отсто, Чад 69 отсто, Куба 56 отсто, Џибути 74 отсто, Науру 66 отсто, Гвинеја Бисао 61 отсто, Иран 54 отсто, Руанда 62 отсто, Јемен 56 отсто...
Ново на Сител
-
Полициската управа на Федерацијата БиХ ќе ги проверува наводите дали Радоичиќ набавил оружје од Тузла
-
Полицискиот хеликоптер исфрли над 40 тони вода, локализиран пожарот во Општина Зелениково | ВИДЕО
-
Мицкоски: Да се обединиме зад коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ
-
Ковачевски: Во ДПМНЕ има еден мал Груевски и еден голем Груевски
-
Радоичиќ сослушан, ги негирал сите кривични дела
-
Ердоган: Очекуваме повеќе од сојузниците во борбата против тероризмот
-
Милановиќ: Србија мора да објасни што се случи на Косово
-
Мицкоски на средба со туристички работници од Охрид: Автопатот Кичево – Охрид ќе биде еден од приоритетите на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ