Во 10 сообраќајки вчера во Скопје, осум лица повредени
Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје изврши увид на 10 сообраќајни несреќи, од кои четири се со материјална штета и пет се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле седум лица.
Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобило едно лице.
Како што информира за МИА самостојниот инспектор Драган Вељаноски од СВР - Скопје, во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број прекршоци. Санкционирани се 16 возачи кои со возилото се движеле со брзина поголема од дозволената, пет нерегистрирани возила, четири лица без возачка дозвола и 34 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило пајак, во текот вчерашниот ден отстранети се 67 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.
Денеска Одделението за превенција при СВР Скопје, со почеток во 19 часот во просториите на Полициската станица од општа надлежност Гази Баба ќе одржи сообраќајна поука на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на возачи.
Во рамки на проектот за сообраќајна култура на децата во предучилишни установи Одделението за превенција при СВР - Скопје денеска ќе реализира едукативни работилници во градинката „8 Март“, објект “Расадник“, која се наоѓа на подрачјето на општина Кисела Вода.
Ново на Сител
-
ЦУК: Разгорен пожарот во реонот Селце - Драгоево, пожарникарите повлечени зашто се слуша пукање на муниција
-
МЗ: Отворен телефонски број за директна комуникација со министерот
-
Тошковски: Пристигнуваат „ер трактори“ и хеликоптери од Турција, Словенија, Србија и Црна Гора
-
Хоспитализирани уште осум лица со голема кашлица, вкупно 905 заболени
-
Поставен камен темелник за изградба на спортска сала во Лескоец
-
Помалку часови наплата на зонско паркирање во Тетово
-
Превентивно-едукативна кампања за заштита од топлотен удар на „Ќафасан“
-
Мицкоски: Утре и задутре ситуацијата со пожарите ќе се стави под контрола