-->
-->
Внук го натепал дедото оти не му давал пари
-->
Случај на семејно насилство пријавил А.С (78) од долнореканското село Требиште, што вчера утрото го извршил неговиот внук.
Според СВР Тетово, откако откако не добил пари што му ги барал на својот дедо, Е.С. (25) започнал психички да го малтретира и вербално да се расправа, по што се налутил и го соборил на подот.
- Внукот продолжил да ја оштетува, односно крши покуќнината и да се заканува по животот на дедото, кој подолго време бил малтретиран на ваков или сличен начин, се наведува во соопштението на СВР Тетово.
Набрзо по пријавувањето, Е.С. бил приведен во Полициската станица Гостивар и по целосното расчистување на случајот, ќе се соочи со соодветен поднесок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Интерпелациите на петте членови на Судски совет пред пратениците
-
СДСМ бара ДКСК да ги истражи тендерите во Министерството за дигитална трансформација
-
82 години од депортацијата на македонските евреи
-
Таравари ќе го поништи тендерот за паркингот на клинички
-
Министерството за култура и туризам обезбеди 15 милиони денари за реконструкција на црквата Св. Кирил и Методиј во Струмица
-
Крводарителството во Охрид во подем
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Антонио Милошоски, потпретседател на Собрание