-->
-->
Внимавајте: Маглата го отежнува патниот сообраќај, нормализиран авиосообраќајот
-->
Густата магла утринава го отежнува одвивањето на патниот сообраќај, додека авиосообраќај на скопскиот аеродром е нормализиран.
Јавното претпријатие „Македонија пат“ утринава информира дека густа магла со видливост до 30 метри има во Тетово, додека на патниот правец Неготино- Демир Капија и во Куманово и Сарамзалино видливоста е од 50 до 100 метри.
На останатите патни правци низ државата сообраќајот се одвива тековно по влажни коловози, но од „Македонија пат“ препорачуваат внимателно возење и прилагодување на условите на патот.
На скопскиот аеродром, каде за време на викендот сообраќајот се одвиваше отежнато и беа откажани дел од летовите, утринава, според веб страниата на аеродромот, се реализирани сите планирани полетувања и слетувања
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Иран ги обвини САД дека не ги исполниле своите обврски по израелскиот напад во Либан
-

Трамп ги повика Израел и Хезболах да престанат со напади „за да не ги расипат“ напорите за мир во регионот
-

Пожар помеѓу штипските села Долани и Љуботен, едно лице повредено
-

Полицијата приведе возач од Батинци, управувал возило со 244 километри на час, двојно поголема брзина од дозволеното
-

Мицкоски: Нема мигранти, но ќе има брза пруга, се потврди дека СДСМ кажува невистини
-

Мицкоски: Реконструкција на Владата по роденденот на партијата на 17 јуни
-

СП 2026: Стартни победи на Австралија и Шкотска, по бод за Бразил и Мароко
-

„Центарска симфонија“ синоќа во организација на Општина Центар

