Македонија
4. December 2016 - 8:15

Внимателно по патиштата, одрони на повеќе патни правци

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и застои по наместа влажни коловози на повисоките места, и претежно суви коловози на пониските места. Во клисурите и засеците можна е помала појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Д. Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.
 
На 27.11.2016 година во 11:30 часот целосно е затворен за сообраќај регионалниот пат Р1309 с.Грдовци-с.Зрновци, поради рушење на мостот на река Брегалница и изградба на нов мост.
 
Градежната компанија Трансмет ДОО Скопје изведува градежни работи на државен пат А-2 Обиколница на Скопје од клучка Сингелиќ до клучка Смилковци со почеток од 02.12.2016 се воведува времена измена за режим на сообраќај, , согласно Одобрение број 22.2-72149/2 со датум 18.11.2016 година издадено од Министерството за транспорт и врски на РМ, односно сообраќајот се одвива по левата коловозна лента /правец клучка Сингелиќ-клучка Стајковци/
во двата правци а десната коловозна лента е затворена за сообраќај заради изведување градежни работи. 
 
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
 
Од 15-ти Ноември на сила стапи законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 Март 2017 година.