ВМРО-НП: Бришење на зборот „бугарски“ пред фашистички окупатор е дел од повоената европска политика
Вообичаено кога зборуваме за компромиси кои треба да ги направиме со нашиот сосед Република Бугарија, противниците на таа идеја го изнесуваат аргументот дека со тоа се негира нашиот идентитет и македонската нација.
Во најновиот став на премиерот Заев за промена на учебниците и насловите на одредени споменици кај што треба да се избрише зборот „бугарски“ фашистички окупатор не можеме да препознаеме ништо со што се навлегува во македонскиот идентитет ниту пак тој се негира.
Едноставно се работи за цивилизациски код кој фиункционира во цела Европа, и е дел од повоената европска политика.
За жал меѓу напаѓачите повторно ги гледаме сите оние исти имиња кои десетици години наназад не дозволуваат ниеден чекор да се направи во однос на зближувањето со соседна Бугарија.
И конечно на крајот сите тие „коментатори“ да ги запрашаме јавно, кога дојдоа бугарските фашистички окупатори во Македонија, дали Македонија беше слободна и демократска или имаше некој друг окупатор во Македонија и кога ќе се осмелат да кажат дека пред таа фашистичка окупација имаше друга окупација која траела 23 години претходно во Македонија.
Центар за комуникации на ВМРО-Народна партија
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден