ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев може да се пофали дека е единствено прв во криминалот
Зоран Заев може да се пофали дека е единствено прв во криминалот.
Македонија стана лидер во криминалот поради Зоран Заев и неговата неспособна влада.
Зоран Заев и СДСМ одново ги верглаат истите лаги.
Во енергетиката не направија ниту еден проект во овие неколку години, освен ако не го сметаат поскапувањето на струјата кое постизборно среде епидемија го направија на шверцерски начин.
Поради поскапувањето на струјата, Македонија стана единствената земја во Европа која поскапи енергенс во време кога граѓаните се соочуваат со епидемија.
Проектот Чебрен Зоран Заев вети дека ќе почне да се гради уште во 2019 година, а до ден денес нема ништо.
Истото е и со гасификацијата на ТЕЦ Неготино. Владата на Заев поради својата неспособност не успеа да ја заврши гасификацијата на државата.
На Заев и Владата побитно им беше да ги трошат народните пари на луксузирања наместо да изградат нешто за граѓаните.
Заев направи хаос во секој сектор меѓу кои и во енергетиката.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Голема симулациска вежба на скопскиот аеродром
-
Беџети контра Ахмети: ДУИ не е за бојкот на изборите
-
ВМРО-ДПМНЕ до Пендаровски – Ако не може да помогне, да не и одмага на Македонија
-
Јанев: Контроли има, недостасува сообраќајна култура
-
Голема симулациска вежба на Скопскиот аеродром
-
Бизнис конфедерацијата на Македонија нуди излез од лавиринтот на минималната плата
-
Земјоделците се жалат, УЈП испраќа опомени, но не ги исполнува своите обврски