ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев и СДСМ сакаат да го штелуваат пописот

Зоран Заев и СДСМ сакаат да го штелуваат пописот, исто како што ги штелуваат и изборите.
Заев со талибански методи со кои оди против волјата на народот, ќе оди и на попис. Затоа нема став во однос на пописот.
СДСМ знае дека Заев си игра со државата и пописот, кој е стратешки важна операција, со помош на која се добиваат бројки важни за секое едно креирање на политика како на среден така и на долг рок.
Без реални податоци од попис, државата не може правилно да се развива, а мерките кои ќе се димензионираат од институциите ќе бидат погрешни.
Заев не смее да гледа на пописот како на уште една работа со помош на која ќе се пазари, туку мора да сфати дека тоа е статистичка операција, а не политичка.
ВМРО-ДПМНЕ повикува на вразумување на Заев и организација на попис со чии методи ќе биде запознаена јавноста и ќе бидат прифатени предлозите на опозицијата, во спротивно нема да го признаеме таквиот попис.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Горивата остануваат најевтини во регионот, опозицијата предупредува на „финансиски крах“
-

СДСМ го промовира фронтот за вистина и правда - најави закон за нулта толеранција на корупција
-

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителката Коларевиќ ги спасува кадрите на СДСМ и ДУИ
-

19-годишник уби 18-годишник со пиштол, заврши зад решетки
-

Метеоропатитите најмногу погодени од честите временски промени
-

Инвестиции на истокот - Мицкоски во Виница
-

Преглед на вестите од светот
-

Туристите од Германија најбројни
