ВМРО-ДПМНЕ: Законот за марихуана е приватен закон на Заев за лично богатење на неговиот нарко картел
Зоран Заев ја приватизираше Владата, следно ќе го приватизира и Собранието, а крајната цел е приватизација на Република Македонија.
Законот за марихуана којшто Зоран Заев на сила го турка како предлог од Владата кој сака да биде изгласан во Собранието има за крајна цел да го легализира бизнисот со марихуана на Заеви. Овој закон не е ништо друго туку личен закон за бизнисите на Заев што ќе му овозможи лично богатење нему и неговата фамилија.
Токму Заеви држат огромен дел од производството на марихуана во Република Македонија, преку МАМ Свети Николе и Фарма Медикал Валандово кои официјално се во нивна соспственост и други компании кои ги водат нивни блиски луѓе, за коишто можевме да видиме медиумски.
Ова што Заев сака да го направи е претворање на кланот Заев во нарко картел Заев од кој тој и неговите блиски луѓе енормно ќе се богатат на сметка на државата и граѓаните.
Тоа нема да го дозволиме, Нарко картелот Заеви на едната страна, сиромашниот народ на другата страна. Ова е новата поделба која ја прави Зоран Заев. Концептот Македонија за сите луѓе ќе ги порази овие поделби кои ги создава Зоран Заев и тој ќе одгововара за злоупотребата на власта којашто ја прави единствено за личен бизнис интерес и семејното богатење него и неговите братучеди.
Ново на Сител
-

Се санираат штетите од поплавите – најкритично во Кичево, Гостивар и Сарај
-

Од вечерва нови најави за врнежи од дожд и снег
-

Се засилуваат критериумите за добивање субвенции
-

Вештачка интелигенција во јавниот сектор – дали ќе ги замени работниците?
-

Ниски плати, поттик за егзодус на младите од земјата
-

Жените се повеќе се дел од науката, потребно креирање политики
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Андреј Жерновски, СДСМ
