ВМРО-ДПМНЕ: Законот за двојазичност да се повлече и да се дискутира бидејќи е неуставен и носи сериозен долгорочен ризик по кохезивноста во Македонија
Непочитувањето на законите ја урива демократијата во Република Македонија. Парламентарното насилство манифестирано со игнорирање и ограничување на правата на пратениците од опозицијата е осакатување на демократијата. Власта мора да се вразуми и да го почитува Деловникот. Законот за двојазичност треба да се повлече и да се дискутира бидејќи е неуставен, неприменлив и носи сериозен долгорочен ризик по кохезивноста во Македонија. Почитувањето на законите онаму каде што се носат е насушно потребно, за истите да имаат своја тежина. Законите донесени на незаконски начин се преседани кои во иднина може да станат правило, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Непочитувањето на собраниските процедури и евентуалното избегнување на амандманска расправа е на штета на Република Македонија. Владата на СДСМ само декларативно се грижи за демократијата, а во пракса работи спротивно, по принципот на тоталитарните режими. СДСМ ветуваше правна држава, а сега врши силен удар врз правото, во Собранието на Република Македонија. Хаосот кој го предизвикува СДСМ во законодавниот дом ќе предизвика сериозни штети на демократијата, но непочитувањето на деловникот и законите ќе предизвика реперкусии кон оној кој ќе ги прекрши, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ и се додава:
„Заев со своите постапки ја уништува Република Македонија. Заев во серија презема чекори кои водат кон разнебитување на идентитетот и на националните чувства. Патриотите кои се спротивставија на недемократските процеси во Собранието, беа неправедно притворени и со тоа се изврши силен удар врз демократијата во нашата земја. Политичкиот прогон мора да сопре. Беззаконието стана правило за постапување на власта предводена од СДСМ. Единствен начин за враќање на демократијата во Република Македонија, е судовите и институциите да се ослободат од канџите на власта и да работат по закон. Тоа значи и ослободување на патриотите кои што се обвинети во политички монтиран процес“.
Судовите, потенцираат од партијата, мораат да ги укинат сите незаконити одлуки, донесени надвор од пропишаните процедури, а нарачтелите и извршителите, соодветно да одговараат.
-Законитоста ќе се врати со заминување на владата на СДСМ, која врши терор врз слободите и правата, на сите граѓани. Власта својата неспособност да ги реши проблемите на граѓаните, ја покрива со закани, притвори и неосновани обвиненија на невини луѓе. Наместо да ги решава вистинските проблеми на граѓаните, СДСМ се обидува насила да донесе неуставен закон во незаконита процедура. Време е разумот да надвладее и наместо декларативна, да се даде вистинска предност на реформските приоритети.
Ново на Сител
-

Продолжуваат тензиите на Блискиот Исток: Каква е безбедносната закана за Македонија?
-

Започна судењето на 75 годишниот Денис Асанов, обвинет за свирепо убиство во Штип
-

Поттикнат од бугарски државјанин, скопјанец ширел омраза на ФБ кон македонската држава
-

Тема на денот со Горан Марковиќ, извршен директор на Македонски Телеком
-

Во Министерството за политички систем се земало плата, а не се одело на работа
-

Политички препукувања за трагедијата во Карпош, други двајца повикани во станица дека ги нападнале сопругите
-

Меџити: Вреди ќе стане партија за 2 недели
-

Владин авион утре ќе евакуира 6 лица од Египет – досега 632 Македонци побарале евакуација
