ВМРО-ДПМНЕ: Заев сака да ја приватизира Царината и да стави рака над акцизата за тутун, лекови, пиво и вино
Откако ја задолжија државата за близу 7 милијарди оставија на улица 55.000 луѓе и затворија 6.200 фирми, Заев и СДСМ ќе ја приватизираат Царина.
Заев и СДСМ сакаат да стават рака врз наплатата на акцизата за тутун, лекови, пиво и вино. Заев и СДСМ сакаат да имаат компетен увид врз тековите во тутунската, фармацевската и индустријата за алкохолни пијалоци.
Приватизација на Царината, е приватизација на државата.
Власта преку промените во законот и формирање на јавно приватно партнерство со приватна компанија која ќе ги наплаќа акцизите директно и дала на истата компанија сила, моќ и ингеренции како на државен орган.
Приватна фирма ќе ги преземе сите ингеренции во однос на наплата на акцизата од Царинската управа.
Државата нема да има никаков бенефит од ова јавно приватно партнерство за приватизација на Царината, а полза единствено ќе има приватната фирма која што во ваквиот модел би и била партнер на државата.
Која е таа приватна фирма и дали Заев планира лично тој, некои од Заеви или ним блиски луѓе да се всушност сопственици на фирмата која што ќе ја приватизира Царина.
Царинската управа е државен орган, а надлежостите кои што ги има Царина се надлежности кои што може да ги има само државен орган.
Со приватизацијата на Царината се создава уште еден парафискален орган од кој ќе се полнат сметките на неколку луѓе.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп