ВМРО-ДПМНЕ: Заев не прифаќа статус кандидат мандатар зашто знае дека ќе изгуби
Зоран Заев знае дека ќе изгуби на 12 април и затоа бега од предлогот на претседателот Христијан Мицкоски, лидерите кои имаат намера да бидат премиер да имаат статус на кандидат мандатар, при што тој што ќе изгуби ќе си замине од политиката и нема да се крие зад пратеничкиот имунитет.
Доколку Заев беше уверен дека има макар и најмала шанса, тој ќе прифатеше.
Зоран Заев бега затоа што мисли дека од опозиција, пратеничкиот имунитет ќе му биде спас од кривичен прогон за криминалот, рекетот и корупцијата што ги прави.
Зоран Заев не прифаќа затоа што ќе треба да си замине од политиката и нема да може да ги тера своите рекет шеми.
Зоран Заев бега од предлогот на претседателот Мицкоски затоа што нема доблест.
Доаѓа време на одговорни политичари, од народот и за народот. Политиката не како алатка за богатење, туку политиката за помош и развој на државата.
По 12 април следува обнова на Македонија со ВМРО-ДПМНЕ.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНE
Ново на Сител
-
Економистот со амбиција да биде лидер на СДСМ | Јован Деспотовски | Неформално | Sitel Podcast 049
-
Викдендов сончево и топло, од вторник повторна дестабилизација на времето
-
Прилепчанец три години ги силувал своите две малолетни ќерки
-
Штипјанец ја претепал својата мајка, па и се заканил, а потоа искршил дел од покуќнината
-
Скопјанец претепан од обезбедувањето на казиното во кое се наоѓал
-
Избувна пожар во куќа во Арачиново
-
Поскапува мазутот
-
Визер: Одложувањата и откажувањата на летовите низ европската авио индустрија последица на временските услови