ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче да кажат до каде е набавката на нови вакцини
Заев и Филипче да кажат до каде е набавката на нови вакцини и каде заглавија најавените купени Фајзер и Спутник?
Вакцинацијата се одвива, а се гледа дека интересот на граѓаните е голем. Огромниот број луѓе пред вакциналните пунктови кои одат ненајавени кажува дека системот на Филипче потфрлил и дека не ги опфатил граѓанитр во целост.
Доколку интересот продолжи во ова темпо, а Заев и Филипче не набават вакцини ќе се соочиме со застој во вакцинацијата, што непосредно пред есента во која ни се заканува нов бран воопшто не ни е потребно и ќе значи здравствени и човечки загуби.
Да не дојде до несакани последици Заев и Филипче да кажат до каде се најавените купени Фајзер и Спутник? Зошто не се стигнати, и кога ќе стигнат?
Заев и Филипче да кажат кој е планот на владата за продолжување на вакцинацијата во август и септември? И дали пак планираат да молат за вакцини од соседството?
Заев и Филипче да не ја брукаат државата и уште веднаш да пристапат кон обезбедување на дополнителен број на вакцини. Доколку не се способни нека кажат има државата луѓе со капацитет кои можат да помогнат.
Време е неспособноста и криминогеноста да завршат. Време е за Македонија за сите луѓе!
Ново на Сител
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција
-
УЕФА ја казни Барселона
-
Ѓорческа не го помина второто коло на фјучрсот во Копер
-
Хамилтон: Ќе се тркам долго откако ќе наполнам 40 години, Ферари не е нешто краткорочно
-
Продолжуваат кампањите за претседателските и парламентарните избори
-
Протест на вработените во културните институции поради неисплаќање на мартовската плата