ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Бучковски носат смрт за државата, Филипче и Ангелов смрт за пациентите од корона
Дури Заев и Бучковски носат смрт на Македонија, Филипче и Ангелов поради неспособноста се одговорни за катастрофалната смртност од корона вирусот. Ова за жал е рецепт за пропаст.
Дури премиерот во заминување Зоран Заев и екипата ја убедуваат јавноста дека епидемијата дека е под контрола, починаа 33 лица за само едно деноноќие, а околу 35% од тестираните се заболени.
Дури власта убедува дека се е под контрола бројот на заболени достигнува до 64.000 лица, а бројот на починати дојде до 1825 лица. Со оваа бројка Македонија е на врвот земји во светот по смртност на милион жители.
Власта одлепена од реалноста, наместо да носи конкретни мерки за заштита на здравјето и животите на граѓаните ги одбива и оние мерки кои ВМРО-ДПМНЕ ги предлага. Го одбија амандманот за обезбедување средства за набавки на амбулантни возила, го одбија амандманот со кој се бараа средства за бесплатни КОВИД текстови за граѓаните.
На власта и е важно само да обезбеди привилегии на функционерите среде епидемија на сметка на граѓаните. За функционерите има бесплатни и експресни тестови, бесплатно лекување, а народот е оставен сам на себе.
Затоа народот бара оставка од Заев. Неговата неодговорна власт чини здравје и животи на граѓаните.
Ново на Сител
-
Роналдо на врвот на листата на најплатени спортисти во 2024 година во изборот на Спортико
-
Шефот на НАТО: На Украина никогаш не и било ветено членство
-
Зеленски: Нема да прифатиме договори меѓу САД и Русија без учество на Украина
-
Кривична против две лица од Скопје, обид за убиство
-
Кривична против сопственик на угостителски објект во Струга, сомнение за кражба на електрична енергија
-
15-годишно девојче пријавено за исчезнато
-
Бојкотите продолжуваат: Драматично зголемување на цените на храната во ЕУ и Западен Балкан
-
Шолц: Нема милост за уапсениот за нападот во Минхен, тој мора да ја напушти земјата