-->
-->
ВМРО-ДПМНЕ: Втор месец не се преземаат истражни дејствија против притворените
-->
Јавното обвинителство втор месец не презема никакви дејствија во истрагата што се води по политички монтираниот случај за тероризам. Ниту се повикуваат и сослушуваат сведоци, ниту се повикуваат и сослушуваат политички притворените патриоти. Тоа е најдобра потврда дека не станува збор за притвор изречен заради некои правно издржани причини, туку неоснована и политичка казна за изживување со луѓе кои мислат поинаку, велат од ВМРО-ДПМНЕ.-Додека десетина патриоти се наоѓаат во притвор како резултат на монтиран прогон, власта од затвор ослободува осудени криминалци. Антидржавната Влада на СДСМ вчера во Собранието на Република Македонија го изгласа законот за амнестија кој е уште една од низата на катастрофални политики и потврдува дека за Заев е поважно да ги подмири долговите од предизборната коалиција со криминалот, отколку на граѓаните да им гарантира безбедност преку санкционирање на непочитувањето на законите. Зоран Заев и СДСМ од затвор пуштаат докажани криминалци обвинети за дистрибуција и продажба на дрога, мачење, тешки кражби, луѓе кои се занимаваат со рекет, изнуда, проституција и други тешки кривични дела, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Праксата, се додава, што ја почна власта во предизборието со ослободување криминалци од типот на Барјуш Сејдиу и Агим Красниќи кулминира со ослободување на нови 670 осуденици.
-Тоа е коалицијата на СДСМ со криминалот на која што предупредуваше ВМРО-ДПМНЕ во предизборниот период. Овој закон беше донесен на дрзок и шверцерски начин без присуство на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието. Додека Заев враќа долгови со ослободување на осудени криминалци, Дурловски, Јовановски, Дамовски, Илиевски, Божиновска, Чавков, Мукоски и останатите неправедно обвинети кои единствен грев им беше тоа што ја сакаат државата се товарат за тероризам.
ВМРО-ДПМНЕ, потенцираат од партијата, секогаш се залагала за правда и правна држава, но очигледно е дека по доаѓањето на власт на СДСМ, такво нешто веќе не постои.
-Законите мора да биде исти за сите. Селективноста и неправдата одат на штета на државата, граѓаните и евроатлански пат. Државата мора да биде еднаква кон сите, стои во соопштението на партијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Законот за високо образование „под лупа“, професорите и студентите со сериозни забелешки
-

Тема на денот со Александар Николовски, поранешен претседател на УСС и Бленди Ходаи, претседател на Форум за образовни промени
-

Обвинтиелството без детали - партиите се обвинуваат меѓу себе
-

Доживотна казна затвор за штипјанецот кој ја уби мајка си
-

Доктори од Словенија: Онколошки пациенти се лекувале со погрешна терапија
-

Речиси 5000 казни за една недела од Сејф сити, најголем број за брзо возење
-

Сејф сити им донесе проблеми на приватните превозници
-

ССМ утре ќе го блокира Собранието, пратениците на работа ќе одат пеш
