ВМРО-ДПМНЕ: Време е за реформи, проекти и политики во интерес на граѓаните
Македонија со криминалец како Зоран Заев немаше иднина. Најмалку во ЕУ. Затоа Зоран Заев мораше да си поднесе оставка. Доколку порано признаеше дека е неспособен и си дадеше оставка, тогаш штетите по Македонија ќе беа помали. Вака сметката за неговата коруптивна и антидржавна политика ја плаќаат сите.
Одброени се деновите на Зоран Заев на Илинденска б.б. Се гледа крајот на криминалната банда на чело со алболицираниот Заев. Завршува времето на криминалните тендери и грантови, на рекетот, политичкиот прогон, неправдата, неказнивоста на криминалот и погубните економски политики. Доаѓа време кога политичарите нема да бидат синоним за лажни ветувањата и неостварени очекувања. Време е за честити и чесни политичари чиј збор нешто значи.
Граѓаните во ВМРО-ДПМНЕ гледаат единствена шанса за обнова на Македонија. Граѓаните повеќе не му веруваат на Заев, не му веруваат на СДСМ и нивните лаги и манипулации, политиката „купи ден, помини“ веќе не минува кај македонскиот народ. Недобивањето на датум за преговори со Европската Унија е пораз за погубните политики на СДСМ, во Европа не се оди со рекет, криминал и корупција, не се оди се нула раст на економијата и укинување на правната држава. Граѓаните на Република Македонија заслужија да добијат датум за преговори и европска перспектива, но благодарени на Зоран Заев им беше сервиран уште еден пораз.
Штетните договори, поразите, политиката на свиткана кичма не ја отвораат европската перспектива за нашата држава. ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше дека со промена на името и откажување од се што е македонско, нема да се доближиме до Европа додека Зоран Заев ги лажеше македонските граѓани дека ова е вистнискиот, „правиот пат“.
Време е за реформи, вистиниски реформи, политичари кои ќе ги засукаат ракавите и ќе ја изградат иднината на нашата држава со проекти и политики во интерес на граѓаните, а не мал број на слуги на Зоран Заев. Дојде време за обнова на Македонија.
Ново на Сител
-
Премиерот Мицкоски во посета на Кавадарци
-
Загина пешак кај кочанското село Тркање
-
Претседателката Сиљановска Давкова ја предводи македонската делегација на 79. Генерално Собрание на ОН во Њујорк
-
Хезболах објави дека уште еден висок командант е убиен во израелскиот воздушен напад врз предградие на Бејрут
-
Расходите на Харис во август во кампањата се три пати поголеми од оние на Трамп
-
Русија соборила над 100 украински дронови над неколку области
-
Обилни дождови и поплави во Јапонија и Јужна Кореја
-
Рождество на Пресвета Богородица (Мала Богородица)