ВМРО-ДПМНЕ: Во изминативе 3 години основните производи се поскапи и за 110%
Во изминативе 3 години основните производи се поскапи и за 110%, а СДСМ се фали дека платите пораснале 5%.
Од 2017 година до денес цената на зејтинот е зголемена за 110%, брашното 90%, млекото 55%, шеќерот 40%, тоа се основни продукти, кои граѓаните ги купуваат скоро секој ден.
Во истиот период горивата се поскапи и за 70%. А со тоа поскапи се сите услуги и производи во индустријата и секторот на услужни дејности.
Трошоците за живот во последните неколку години се енормно зголемени, а платите скоро воопшто.
Куповната моќ на граѓаните секоја година е се послаба.
Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ предложи зголемување на платите, а СДСМ одби, за да можат нивните функционери да имаат повеќе пари за тендери и договори во 4 очи. А дополнително ќе предложиме закон за нивелирање на коефициентот на сложеност за работните места во образованието, со што ќе се зголемат платите во просветата.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Земјотрес со магнитуда од 6,9 повторно ја погоди Индонезија, втор силен потрес во еден ден
-

ПФЛ: Победи за Силекс и Шкендија Арачиново
-

Хју Хефнер го пријавувал Епстин во ФБИ уште во 2005 година
-

Лишено од слобода лице од Германија, возело со брзина од 203 километри на час на автопат
-

Земјотрес почувствуван во Гостивар и околината
-

Групна тепачка во Шуто Оризари поради присилно дрогирање со марихуана на малолетничка
-

Едно лице измамено во Делчево, штипјанец набавил од него 2.580 тони сливи и не му платил
-

Премиерот Мицкоски најавува три нови инвестиции оваа есен
