ВМРО-ДПМНЕ: Во 2020-та не смеат да се повторат грешките од минатата

Во 2020-та не смеат да се повторат грешките од минатата. Мора да се стави крај на оваа криминалнo рекетарска банда не чело со аболицираниот криминалец Заев. Мора да се стави крај на поразите и срамот кој што Заев им го испорача на граѓаните во 2019-та година.
Во 2020-та не смее да се повтори криминалот и корупцијата, расипништвото и неработата на оваа банда која за три години ја клекна на колена Република Македонија.
Оние 500 илјади граѓани кои живеат во сиромаштија и беа заборавени од власта ќе го испратат Заев во политичка пензија. Сите оние кои овие 3 години беа ограбувани, угнетувани и понижувани од оваа власт ќе кажат доста е, бидејќи сакаат подобра иднина за нивната земја.
Доаѓа времето за обнова на Македонија, време на суштински реформи и успешна и просперитетна Македонија. ВМРО-ДПМНЕ има план и знае како нашата држава да ја стави на брзата трака за членство во Европската Унија. ВМРО-ДПМНЕ може и знае како нашата држава да ја доближи до европскиот стандард и западните традиционални вредности.
Граѓаните на 12 април ќе изберат мерит систем наместо непотизмот. Ќе изберат успех на државата наместо порази на секој чекор. Ќе изберат силна економија и дигитално општество кое ќе го замени расипништвото кое го донесе Заев. Доаѓа време на обнова на Република Македонија.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Тема на денот со Иванка Василевска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ
-

Преглед на вестите од светот
-

Ветото е моќна алатка - Бугарските европратеници остро против новиот пристап за проширување на ЕУ
-

Мицкоски охрабрен од новите предлози на Кос
-

Не помина предлогот за минималец од 600 евра - Од 105 присутни пратеници само 13 гласаа „да“
-

Инфлација од 2,7% во септември, измери статистиката
-

И догодина ќе точиме скапо гориво?
-

Судот му одреди мерки за претпазливост на вишиот обвинител од Битола
