ВМРО-ДПМНЕ: Власта знаела цели два дена дека Мијалков ќе бега и не преземала ништо за да го спречи
Нека се прибере Спасовски и нека не глуми лудило. Сега испаничениот Спасовски е најголемиот виновник за бегството на Мијалков.
Оливер Спасовски во патетична и панична прес конференција призна дека Мијалков и поминал на полицијата пред нос, дека власта знаела дека ќе бега и не го спречила.
Спасовски денес кажа тоа што Русковска вчера го изјави. Власта знаела цели два дена дека Мијалков ќе бега и не преземала ништо за да го спречи.
Според изјавата на Спасовски, Мијалков бил комотен и се шетал сосема слободно, за да и побегне на полицијата во 5 до 12. Самиот факт што тоа е така, значи дека Мијалков е брифиран за секое движење и секоја акција од страна на врвот на власта.
Што чекал Спасовски два дена, и зошто дозволил Мијалков слободно да се шета низ Скопје и да го планира своето бегство.
Мијалков не можел да избега без помош од Спасовски, особено ако се точни наводите на самиот Спасовски дека Мијалков бил цело време следен од полиција. Тука Спасовски сам падна во замка во обид да се вади.
Исплашениот Спасовски наместо да се правда, веднаш да понесе одговорност. Да признае вина и да си даде оставка.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Руско МНР: Европа нема право да учествува во преговорите за Украина
-
Со инвестиција од над една милијарда евра во енергетиката во земјава влегува турската групација „Казанчи Холдинг“
-
Во Белград протест на просветните работници, а студентите од различни градови пешки тргнаа кон Ниш
-
Со помош на изработен лажен клуч, две лица провалиле во стан во Скопје и одзеле 250 евра и накит
-
Кремљ го прифати извинувањето на Вучиќ за гласањето за резолуцијата во ОН
-
Две заторенички физички се пресметале во КП Идризово, едната се здобила со тешки телесни повреди
-
Пријава за „злоупотреба на службена положба и овластување“ за четворица струмичани од Комуналец
-
Таравари најавува законски измени за департизација на здравството