ВМРО-ДПМНЕ: Власта прави се за да дефокусира од трагедијата во Тетово
Власта на СДСМ и ДУИ на секаков начин сакаат да ја забошотат трагедијата во тетовската модуларна болница во која живи изгореа 14 пациенти и да ја дефокусираат јавноста од оваа тема. Затоа излегуваат наводно бугарски нон -пејпери, затоа се пуштаат аудио материјали, затоа отвораат прашања за кои имале години наназад да ги решат, на крајот затоа Заев дава и анационални и антидржавни изјави со кои ги навредува историјата и идентитетот.
Буквално оваа власт е подготвена на се, само да не понесе одговорност.
А причини, поради кои Заев, Филипче, СДСМ и ДУИ треба да понесат одговорност, има многу.
Модуларната болница била градена според тендерска постапка на министерството за здравство, со спецификација за материјали, кои видовме како изгореа за неколку минути. Ниту имало апарати за гаснење пожар, ниту имало систем за рана детекција, ниту пак имало надзор на изградбата на објектот.
Фактот што Филипче и другите одговорни не понесуваат морална одговорност и оставки остава огромен сомнеж дека тие по секоја цена се задржуваат на функција за да може да прикријат нешто или да влијаат врз истрагата. Тие може да бегаат, но нема да избегаат. Правдата и одговорноста ќе стаса.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Мелиса Прошева ги демантира изјавите на адвокатот Зафировски, тврди дека се обид за спас на обвинетиот
-

Спречена трагедија: Спасени три момчиња кои ги однела реката Треска
-

СП 2026: Можно е одложување на финалето на Мундијалот
-

Втора македонска ракометарка во дресот на Црвена Звезда
-

Одземени шест возила и недвижен имот од Александар Лазаров од Кочани, поради сомнение дека се нелегално стекнати
-

Пожар во парк шумата „Гази Баба“
-

Апелација ги потврди доживотните казни за убиството на Вања и Панче и ја укина ослободителната за Александар Ѓорчевски
-

Стевче Јакимовски доброволно замина во затвор
