ВМРО-ДПМНЕ: Власта наместо развојни проекти нуди популистички мерки без ефект
Економската година која ја најавуваше СДСМ се претвори во економска катастрофа за Република Македонија.
Македонската економија со оваа неспособна власт го допре дното во Европа и не може да се носи ниту со земјите од регионот.
Во ситуација кога економијата тоне, власта наместо развојни проекти нуди популистички мерки без ефект кои сериозно ја загрозуваат економијата и од кои единствено корист имаат компаниите блиски до СДСМ.
Капиталните инвестиции и индустријата кои можат да ја придвижат економијата и да донесат развој со оваа власт имаат поразителни бројки. За првите 6 месеци од 2019 година капиталните инвестиции изнесуваат ниски 24,5%, што покажува дека СДСМ не се способни да го реализираат тоа што и самите го испланирале. Додека пак бројот на работници во индустријата е опаднат за 2,5% , што значи дека индустријата опаѓа, а економијата е во колапс.
Дополнително на тоа погрешните економски политики на СДСМ почнаа да ги одвраќаат инвеститорите. Затоа и странските директни инвестиции за првите 6 месеци имаат пад од 84,2% споредено со минатата година и изнесуваат само
48,7%. За споредба соседна Србија за истиот период има 1,7 милијарди евра, Словенија 561 милион, а Бугарија 286 милиони евра. Тоа е доказ дека е повеќе инвеститори наместо во Македонија се одлучуваат да инвестираат во соседството.
Власта веќе трета година ги троши најголемите буџети во историјата на државата,а ништо немаат сработено и граѓаните немаат никаков бенефит.
Задолжувањето забрзано расте и за прв пат е над 5 милијарди евра, а заедно со тоа расте и сиромаштијата и заради СДСМ над 500.000 граѓани се под прагот на сиромаштијата.
Криминално рекетарската влада предводена од аболицираниот криминалец Зоран Заев секојдневно ја разграбува државата и ги донесе до питачки стап граѓаните на Република Македонија.
Со СДСМ и Зоран Заев Република Македонија секој ден се повеќе тоне.
Потребни се итни предвремени парламентарни избори за што побрзо да започне обновата на Македонија.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп