ВМРО-ДПМНЕ: Власта има уште 5 дена да си го преиспита однесувањето
ИК на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за активна блокада на собранието од 10 мај, власта има уште 5 дена да си го преиспита однесувањето.
На вчерашната седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ беше дискутирано за националната катастрофа во која е втурната Македонија со СДСМ и ДУИ. Ситуацијата која е предизвикана од СДСМ и ДУИ, а се бележи со сиромаштија, криминал и корупција резултира и со состојба во која Македонија ја има се помалку.
СДСМ и ДУИ се креатори на сите кризи, и тие не можат да бидат решение, напротив кризите се повеќе се продлабочуваат, затоа се потребни предвремени парламентарни избори.
Власта е игнорантна кон реалноста и во СДСМ и ДУИ мислат само на своите фотелји, и затоа се борат и по цена на национални загуби да останат макар ден повеќе на власт.
Оваа ситуација во која е државата не смее да трае долго, зошто последиците од криминалот, корупцијата и неспособноста на владата се огромни. Затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе пристапи кон активна блокада на собранието, а со цел предизвикување лидерска средба на која ќе биде договорен датум за предвремени парламентарни избори, и ќе се пристапи кон изнаоѓање на решенија во клучните сектори во кои ВМРО-ДПМНЕ понуди тимови. Тоа се секторите финансии, здравство, образование и секако меѓународните односи, европските интеграции и проблемот којшто Македонија го има со Бугарија.
Ковачевски има доволно време до 10 мај да се предомисли и да пристапи кон организирање на лидерска со цел дефинирање на датум за избори.
Ново на Сител
-
Бројот на заболени од грип во Струмица годинава речиси двојно поголем во споредба со истиот период лани
-
Намаленото ниво на езерото ги загрижи еколозите
-
Дрвокрадство во Прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Зошто храната е скапа?
-
Над 1.200 лажни дојави за бомби за помалку од три години
-
Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор по економија
-
Над 240 дојави за бомби во училиштата - сите се лажни