ВМРО-ДПМНЕ: Власта ги крши основните човекови права

Македонија е единствената земја каде се врши политички прогон на неистомисленици и апсење на пратеници. Власта ги крши основните човекови права и монтира обвиненија за тероризам против 36 македонски патриоти само затоа што си ја сакаат државата.
Хунтата на власт ја зароби правната држава и правосудните органи ги користи како средство за политички прогон на неистомислениците. Се притвораат уметници, актери, режисери, архитекти, припадници на полицијата само затоа што не се согласуваат со политиките на Заев и СДС.
Судовите и државните институции се целосно заробени и наместо по закон дејствуваат единствено по налог на Зоран Заев. Власта го погази Уставот и преку судството и институциите секојдневно влева страв кај граѓаните и го става на удар секој еден кој си ја сака државата.
Ова неззаконие ќе биде запрено и казнето, а сите учесници во уништувањето на правната држава и уставниот поредок ќе одговараат пред законите. Република Македонија е демократска држава и затоа ВМРО-ДПМНЕ застанува против неправдата и незаконието.
ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи да се продолжи да се гази врз правото и демократијата во државата. Демократијата и правната држава ќе бидат вратени, а граѓаните ќе живеат во држава ослободена од насилието и прогонот кои ги врши хунтата на власт.
ВМРО-ДПМНЕ бара:
1. Безусловно запирање на сите овие процеси на политичкиот прогон.
2. Итно и безусловно стопирање на малтретирањата, на теророт и изживувањето кое го прави СДС.
3. Итно пуштање на слобода на сите лица кои се опфатени со овој класичен политички прогон.
ВМРО-ДПМНЕ, денес ќе организира протест во 16 часот пред Истражниот затвор Скопје во Шуто Оризари каде ќе има повеќе обраќања пред присутните.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Муцунски: Постои желба во Брисел за стимулирање на дијалог меѓу Македонија и Бугарија
-

Определен 30-дневен притвор за Стефан Богоев и уште три осомничени лица
-

Македонско-грчки бизнис ИКТ форум во Скопје
-

Виртуелниот простор станува нова сцена за врсничко насилство
-

Побаран притвор за Стефан Богоев за поткуп од 1800 евра
-

Македонија меѓу петте најбрзорастечки економии во Европа
-

Тема на денот со министерката за финансии Кочоска
-

Мицкоски: Ќе победиме со разум, Филипче: Рефрендум за уставни измени
