ВМРО-ДПМНЕ: Власта доделува тендер за хеликоптерски превоз на фирма основана 24 часа пред огласот

СДСМ го зголеми иселувањето. Од Македонија никогаш порано не се иселувале толку граѓани како во последните три години.
Ветувањето дека ќе ги вратат 500.000 иселени, се испостави како најголемата лага во историјата на Македонија.
„Живот за сите“ е најбруталната лага врз сопствениот народ.
Наместо подобар стандард и подобри услови за живот имаме делење на тендери и бизниси на фирми блиски до власта.
Власта доделува тендер за хеликоптерски превоз на фирма основана само 24 дена пред да биде распишан огласот и со истото име како и огласот.
Власта ќе плаќа по 10.000 евра народни пари на секој петнаесет минути на фирма формирана непосредно пред огласот. Со народни пари ќе се полнат џебовите на врхушката на власт.
Македонија не смее да оди повеќе по криминогениот пат на оваа власт. Македонија мора да расчисти со криминалот и корупцијата на Заеви. На 12 април граѓаните ќе им кажат не на Заеви.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНE
Ново на Сител
-

Муцунски: Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Обединетото Кралство
-

Поевтинуваат бенизите, цената на дизелот останува иста
-

Викендов на ГП Табановце, влегле над 36.000 македонски државјани
-

Дедо Мраз и супер херои од цртаните филмови им поделија пакетчиња на хоспитализираните на Детската клиника
-

Мицкоски објави инвестиција од 100 милиони евра во енергетиката
-

Авиосообраќајот на скопскиот аеродром се стабилизира, откажани осум лета поради магла
-

Муцунски: Во фокусот внатрешните реформи и достоинствено и соодветно решение со Бугарија
-

Божиновска: Нема да има никаква криза, државата има резерви на мазут
