Македонија
11. February 2021 - 16:13

ВМРО-ДПМНЕ: Владата потврди, Спасовски и Маричиќ немаат НАТО сертификат, бидејќи се корумпирани

Владата призна, Маричиќ нема НАТО безбедносен сертификат.

Бојан Маричиќ е вториот министер во владата на Заев, по Оливер Спасовски, кој нема НАТО безбедносен сертификат.

Која е причината што Маричиќ и Спасовски немаат сертификати? Дали криминализираноста на системот и големиот број на корупциски афери се причината?

Владата мора да признае пред граѓаните зошто двајца нејзини министри од областа на правдата и безбедноста немаат НАТО сертификат.

Спасовски и Маричиќ наместо да молчат, треба да си дадат оставка.

Одговорност веднаш.