ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ за овие три години се што вети излажа

Владата на СДСМ за овие три години се што вети излажа.
Заев соочен со својот крај ветува се и сешто, но тоа кај граѓаните веќе не поминува. Граѓаните на Република Македонија немаат кратка меморија.
ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш го поддржувала секое зголемување на платите на работниците кое што треба да се прави врз основа на здрава и развиена економија.
Но Заев треба да се потсети дека претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ склучи колективен договор со кој што се предвидуваше динамично зголемување на платите од 25 проценти. Оваа влада откако е на власт немаше никакво зголемување. Зошто сега се отфрлаат тие 25 проценти и се прифаќаат сукцесивно само првично по 10 проценти зголемување треба да одговори власта која што е во заминување.
ВМРО-ДПМНЕ ветува дека даде максимумот за да им се помогне на работниците затоа што тие заслужуваат многу повеќе.
Крајот на Заев и СДСМ е се поочигледен. Крајот на оваа власт ќе биде на 12-ти април. Од 12-ти април ќе започне обнова на Македонија.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Одлуката на Г7 за ослободување нафта и дизел од резервите само привремено ќе ги намали цените на горивата, сметаат експерти
-

Рама: Европската Унија ја лаже Украина
-

Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз руските рафинерии за нафта
-

Утре посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон
-

Тројца основци нападнати за време на училишен излет во Сарај
-

Починат 60-годишник пронајден на автобуска постојка во Драчево
-

Силувал девојче под 15 години, го снимал чинот и ја уценувал - кривична за малолетник од Скопје
-

Мицкоски за Изборниот законик: Левица, СДСМ и ДУИ нека дојдат со предлог, ние сме за гласање на дијаспората
