ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ да почне да работи во интерес на граѓаните

Владата на СДСМ треба да почне да работи и да ги исполнува ветувањата што им ги даде на граѓаните, а не да си поигрува и да ги потценува. За овие месец дена единствено што и успева на оваа Влада е полнење на државните институции со членови на СДС и некомпетентни и неискусни кадри на Сорос, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ.
СДС и Заев, сметаат од партијата, единствено што знаат и умеат е деструкција, криза и евтин политички популизам од кои нема полза ниту државата, ниту граѓаните.
- Владата на СДС си поигрува и ги потценува граѓаните наместо да работи на исполнување на ветувањата. СДС ветуваше раст на економијата од 5 до 7% на годишно ниво, но владата на Зоран Заев сега смета дека може да оствари раст од само 2,2% или 0,8% процентни поени помалку од растот што го проектираше ВМРО-ДПМНЕ. Тоа се цели 25% помалку. За да се оствари растот треба работа, визија и знаење, а не блокади, укинувања и најави за уривање, се вели во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму потсетуваат и дека „СДС најавувал зголемување на капиталните инвестиции, а сега Владата на Зоран Заев со предложениот ребаланс истите ги скрати за 3 милијарди денари“. Тоа, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ, се цели 50 милиони евра помалку за капитални инвестиции од проекциите кои ги имала владата на ВМРО-ДПМНЕ.
- Со ова се потврдува дека владата на СДС не е реформска, туку антиреформска. СДС треба да се фатат за работа, бидејќи граѓаните очекуваат исполнување на ветувањата за минимална плата од 16.000 денари и просечна од 30.000 денари. Пензионерите очекуваат повисоки пензии, а докторите плати од 100.000 денари, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028
-

ГП Евзони (Богородица) затворен за сообраќај на сите видови возила
-

Лавров тврди дека Украинците ја нападнале резиденцијата на Путин, Зеленски негира
-

Во БиХ усвоена одлука за легализација на канабисот за медицински цели
-

Македонска Каменица прогласи тридневна жалост поради смртта на сограѓанка
-

Таткото на прегазената Теодора: Барам иста правда за сите, зарем животот на мојата ќерка вредеше само 2 години?
-

Повисоки плати, нов концепт за матура, ѕид на срамот - Јаневска на брифинг со новинарите за плановите за 2026 година
-

Меморандум за претставување на Скопје како европски културен центар во 2028 година
