ВМРО-ДПМНЕ: Владата на чело на Зоран Заев поддржува и продуцира криминал и беззаконие
Владата на чело на Зоран Заев поддржува и продуцира криминал и беззаконие. Генералниот секретар на владата молчи и не одговара до кога планира да го крши законот и зошто не поднесува оставка бидејќи е незаконски да се биде Генерален секретар на влада во исто време и претседател на Собрание на акционери на Телеком за хонорар од 500 евра по одржана седница, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека Рашковски спротивно на закон се само назначи на позиција во Телеком за 500 евра хонорар. Значи Рашковски секој месец инкасира над 1.000 евра плата, и по 500 евра од одржана седница во Телеком
Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека со непотизам и оштетување на буџетот, Рашковски брутално без срам го крши законот на државата.
-Рашковски молчи за кршење на законот. Молчи и за непотизмот кој го рашири низ институциите. Неговата баба, Елена Начевска, мајка на неговата сопруга Вероника Начевска беше претседател на Комисијата за жалби. Исто така неговиот кум, Дејан Костиќ беше ангажиран за адвокат на Генералниот секретаријат на владата и покрај тоа што владата има правна служба. Дрвото на непотизам на Рашковски влечело илјадници евра од државата во приватни џебови и за тоа ќе одговараат. Овие лица треба да ги вратат парите кои ги испумпаа по основ на плати и хонорари од буџетот. Одговорност за граѓанските пари мора да има, се наведува во соопштението.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека граѓаните ќе ја искористат шансата и на 15-ти октомври ќе ја казнат расипничката и неодговорната влада на Заев.
Ново на Сител
-
Анализа: Колку се сериозни заканите од ДУИ и дали коалицијата е пред распад?
-
Тема на денот со Цветан Трипуновски, министер за земјоделство
-
Прв говор на Трамп пред Конгерсот, аплаузи и скандирања
-
Опозицијата ја бојкотира денешната седница, инцидентите во српскиот парламент ќе ги расветлува обвинителството
-
Мицкоски не се видел со Груевски во Будимпешта, ќарот од Унгарија е милјарда евра
-
Мицкоски: Ни го распродаде македонскиот јазик, а сега се зборува за албанскиот
-
10-годишно дете заврши на хирургија, откако врз него паднала гранка од дрво
-
Судот не прифати застареност на делото за аудито на Мерко