ВМРО-ДПМНЕ: Владата ги оптоварува граѓаните со трошоци наместо да им помага
![]()
Владата повторно планира да зема од сиромашните за да го покрива расипништвото и неспособноста на функционерите на Зоран Заев.
На СДСМ не им е доволно што ги оставија граѓаните и компаниите на цедило во време на пандемија сега дополнително сакаат да удрат по и онака празните џебови со покачување од 2 денари на акцизата.
Стопанството е на помошни апарати, работниците се соочуваат со отпуштања, на државата и се заканува економска рецесија, а во такви услови власта реши дополнително да ги оптовари граѓаните со нови давачки. Ваквата мерка ќе се одрази на патниот транспорт и зголемување на цените што ќе резултира со намалување и на онака уништените семејни буџети. Така еден повратен билет Скопје – Берово кој чини 730 ќе се порасне над 800 денари, што значи во просек покачување од 70 денари.
Во услови на криза наместо владата да им помага на граѓаните и семејствата таа ги оптоварува со трошоци. Истото ќе се случува и со другите меѓуградски релации и ваквото покачување ќе го почувствуваат сите граѓани и компании. Власта единствено носи мерки за да им земе пари на граѓаните и да го полни буџетот кој СДСМ го испразни. Македонија со ваква власт единствено ја чека хаос и рецесија.
Ново на Сител
-

ЕСМ: Обвинителството ги искривило исказите на инженерите
-

Нови обвинувања за уставните измени
-

Владата ги анализира кредитните понуди
-

Измените во собраниска процедура - родителите на насилните ученици ќе плаќаат казни
-

Сејф сити ќе казнува мотори и тротинери
-

Цените кај храната стабилни, ако има потреба Владата ќе носи мерки
-

Жените да создадат навика за редовни гинеколошки прегледи
-

Нов повик за финансиска поддршка на мали претпријатија
