ВМРО-ДПМНЕ: Вистинскиот губитник е Заев, кој ја прокоцка државата, 111-то место со Гамбија не е победа
Тоа што за Македонија е неуспех, СДСМ го слави за успех. Вистинскиот губитник е Зоран Заев кој ја прокоцка државата и по сите параметри ја сведе полошо од африканските земји.
За СДСМ е успех тоа што Македонија не почна преговори со Европската Унија иако Зоран Заев и Никола Димитров водеа анационална и предавничка политика пазарејќи се со идентитетот, народот, јазикот и историјата.
За СДСМ е успех тоа што Македонија е најкорумпираната држава во Европа и се наоѓа на 111-то место на листата на Транспаренси, полошо рангирана и од земји како Брегот на слоновата коска , Буркина Фасо, Гамбија, Суринам, Лесото, Белорусија, Косово и слично.
За СДСМ е успех тоа што демократијата назадувала од минатата година и сме во групата на земји со хибриден режим на 78 место во група со Боливија, Сенегал, Танзанија, Уганда, Бутан, Либан, Нигерија. Хибридниот режим на Заев е резултат на трас трас судството, селективноста на владеењето на правото, нефункционалноста на институциите и сеприсутната корупција од која се богати мафијата на власт.
Се дури СДСМ се гордее на тоа , до тогаш Македонија ќе тоне, а народот ќе осиромашува.
Мафијата на власт мора да падне за Македонија повторно почне да напредува.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ – реакција на соопштението на СДСМ
Ново на Сител
-
23 Oктомври – Ден на македонската револуционерна борба
-
Се уште се трага по исчезнатиот 60 годишен стружанец
-
Преглед на вестите од светот
-
Граѓаните ќе може да ја тужат државата пред Управен суд поради загаден воздух
-
Тема на денот со Агим Јонуз, политички аналитичар
-
Мицкоски во посета на Австрија
-
Преглед на вестите од светот
-
Со месеци се чека скен на коски