ВМРО-ДПМНЕ: Вистината за случајот Рекет мора да се обелодени
Се што допре Зоран Заев го претвори во пепел. Неговиот криминоген карактер за три години ја уништи, државата, институциите и сите проекти до кои се докопа заедно со своите крими соработници. Наместо неселективен и ефикасен орган на прогон, СЈО го претворија во партиска испостава која служи за заплашување на противниците на Заев и собирање на рекет за лично богатење.
Зоран Заев, главата на политичко-медиумско-судско-
Случајот ,,Рекет’’ од ден во ден добива нова криминална димензија, а се погласни се гласините дека во него се вмешани и други високи функционери од власта.
Кики и Фрики од рекетарската приказна објавена во медиумите се уште се на слобода, а Заев ги крие велејќи дека не постоеле.
Никој во Македонија не верува дека ваков криминален октопод може да постои без знаење на Заев. Уште помалку граѓаните веруваат дека човекот кој три пати е амнестиран за криминал, Зоран Заев не е вмешан во оваа рекетарска афера.
Катица Јанева веќе 5 ден по ред ја нема никаде, а само ден откако се обелодени овој рекетарски политичко-судско-медиумски октопод таа замина на боледување. Никој во Македонија повеќе не и верува на Јанева. Надлежните мора да истражат и да испитаат дали таа го фалсификува и злоупотребува своето боледување. Дали таа зема плата за да седи дома?
Вистината за случајот Рекет мора да се обелодени. Јавноста мора да знае како Катица Јанева е вмешана во овој криминално рекетарски случај.
СДСМ ја погреба правната држава, СЈО, Рускоска обвинителството и Кацарска судството ја урнисаа надежта дека во Република Македонија може да има правда со Заев на власт.
Право и правда мора да има, и ќе има. Судот и обвинителството мора да се ослободат од стегите на власта. Доколку тоа не се случи, правда ќе има кога Зоран Заев ќе си замине, а тогаш ќе одговараат сите оние кои сториле криминал, како и сите оние кои се ставиле во функција на заштита на истиот.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени
-

Ѓорѓиевски: Печатената грешка веќе е коригирана, а Скопје доби нов знак како што доликува.
-

Владата донесе одлука од денеска интервентно да обезбеди по 50.000 литри дневно бесплатна вода за пиење за граѓаните на Гостивар
-

Епидемиолозите прогласија епидемија во Гостивар
-

МЗ: Близу 350 лица викендов прегледани во Гостиварската болница со симптоми на ентероколит, три лица се хоспитализирани
-

Невреме предизвика голема материјална штета низ Словенија, десетици интервенции на пожарникарите
-

Андоновски: Во Крушево отворен 16. Центар за услуги, граѓаните добиваат непосредна поддршка и директен пристап до електронските услуги
-

Топлотниот бран продолжува до вторник, заладување и дожд од среда

