ВМРО-ДПМНЕ: Вилма Русковска ги штити функционерите од власта
![]()
Вилма Русковска вчера покажа дека е само пипка на октоподот на Зоран Заев. Затворањето на истрагата за случајот Рекет, и затворање на рекетарскиот ланец со Катица Јанева е прикривање трагите кои водат директно до врвот на власта.
Со месеци, скоро цела година сите институции од областа на финансиското разузнавање, безбедносните служби и ЈО воопшто не реагирале во врска со милионскиот рекет. И на бруцоши на правен факултет им е јасно дека милионски рекет, кој траел со месеци не може да се прави без знаење на врвот на власта.
Затворањето на истрагата со Катица Јанева е доказ дека Русковска цело време само барала начин како да ги спаси нарачателите и вистинските рекетари.
Русковска и ЈО со неповикувањето на распит на Зоран Заев се доведуваат во ситуација да бидат соучесници во криминалот.
И Русковска и сите кои ја ограничуваат истрагата и ги штитат функционерите од власта треба да знаат дека еден ден со враќањето на правната држава во Македонија ќе сносат одговорност за сторениот криминал.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНE
Ново на Сител
-

Скопје одбројува до Новата година
-

Прилеп се подготвува за новогодишниот дочек
-

Новогодишна атмосфера во Струмица
-

Специјален новогодишен Дневник на Сител
-

Екс директорот на затворот во Шутка осуден на осум месеци затвор
-

Негуватели на стари лица оставени без хонорар за Нова година
-

Скопје се подготвува за дочекот на Новата година
-

Пораки од државниот врв
