Македонија
10. August 2023 - 10:12

ВМРО-ДПМНЕ: Уставни измени нема да има - единствен консензус за излез од оваа бездна се избори

Криминалците од ДУИ и СДС бараат консензус единствено за да останат уште некој ден повеќе на власт за да крадат и да се богатат.

Уставни измени под вакви околности ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема да прифати, и тоа им е јасно на ДУИ и Ковачевски. Единствен консензус кој може да биде прифатлив е за предвремени парламентарни избори.

Знаејќи дека немаат двотретинско мнозинство за уставни измени, Ахмети и Ковачевски купуваат време со таканареченен Манифест, документ кои е напишан во штабот на ДУИ без никаква консултација на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Наместо да ги зачуваат и да се борат за националните интереси изминативе месеци, криминалците од ДУИ и СДС купуваа трговски центри, дуќани, автомобили, отвараа фирми за трговија со електрична енергија, зимаа провизии, местеа тендери за себе инивните блиски.

Единствен консензус за доброто на граѓаните и државата се избори. Избори веднаш за излез од оваа агонија и бездна во која ја втурнаа државата.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ