ВМРО-ДПМНЕ: Услови за брзи избори во време кога се бројат заразените и починатите нема
ВМРО ДПМНЕ на денешната лидерска средба настапува со јасни позиции, одговорно и принципиелно. Услови за брзи избори во време кога се бројат заразените и починатите нема.
Седмицата која измина беше една од оние каде имаме најголем број на новозаразени (170) и починати (10) со што бројката надминува над 100 починати.
Од друга страна мислењето на Комисијата за заразни болести кое што го даде е општо, без конкретни заклучоци, и не гарантира заштита на здравјето на граѓаните во ситуација на одржување на брзи избори. Општите препораки кои ги дава комисијата се досега познати и впрочем се применуваат, но отсуствуваат портоколи и дефинирање на условите за избори и нивното оддржување.
Нема ниту прецизен одговор од набљудувачката мисија на ОБСЕ чиј што шеф потребно е да биде најмалку 35 дена пред почетокот на изборите. Со што датумите дадени од СДСМ и Заев веќе се прегазени.
ВМРО ДПМНЕ на денешната лидерска средба ќе даде свое мислење кој е најдобриот период за оддржување на изборите и тој датум е оддреден како резултат на долги дискусии со здравствени експерти и епидемиолози. Главната цел на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде заштита на здравјето на граѓаните и кредибилни избори.
Катерина Нешкова
Ново на Сител
-
Кои кандидати се во игра за градоначалник на Скопје?
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали Мирчевски се уште е во раководството?
-
Бројот на заболени од грип во Струмица годинава речиси двојно поголем во споредба со истиот период лани
-
Намаленото ниво на езерото ги загрижи еколозите
-
Дрвокрадство во Прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Зошто храната е скапа?
-
Над 1.200 лажни дојави за бомби за помалку од три години