ВМРО-ДПМНЕ: Ултиматум - не благодарам, протест денес во 19 часот
Власта без тронка срам ја лаже македонската јавност. Предлогот кој го претставуваат како модифицирана верзија е истиот предлог од пред неколку дена кој ги содржи сите бугарски барања. Тоа што Ковачевски наводно го одбиваше, сега со сменети „обланди“ го претставува како успех. А вистината е обратна. Македонија доживеа дипломатски неуспех.
Со прифаќањето на Предлогот Македонија се обврзува на бугарскиот диктат кој во иднина ќе се однесува на македонските учебници, за македонската историја, споменици и историски личности и настани. Буквално ова ќе значи дека Македонија на годишно ниво ќе биде обврзана да изготвува годишни извештаи за тоа до каде е реализацијата на ваквите промени и доколку Бугарија не е задоволна, тоа ќе биде причина за нова кочница. А сите ги знаеме кои се апсурдните и антиевропски барања на Бугарија за македонските учебници, за нивните позиции дека сите револуционери се бугари, дека јазикот ни е бугарски дијалект, дека Македонија е коминтерновска творба и слични други негаторски позиции кои сега ќе станат дополнителен услов на нашиот пат.
Вакви услови немала ниту една друга држава за да отпочне преговори со ЕУ. Македонија не бара ништо помалку, и ништо повеќе од тоа што другите земји го имале како услов.
Ова е ултиматум и за таков ултиматум велиме НЕ БЛАГОДАРАМ. Власта на Ковачевски нема ниту визија ниту стратегија. Впрочем за фијаското кое го доживуваме доволно говорат нивните лица. Ни самите не веруваат во своите лаги.
Ова мора да престане. Достоинството на Македонија нема цена. Затоа се вклучуваме на иницијативите за протести и повикуваме граѓаните масовно денес на платото пред Владата во 19 часот да излезат масовно на сенароден собир на кој ќе се каже јасно НЕ на Предлогот и јасно НЕ за оваа неспособна и ненародна власт која носи понижувања и порази.
Ново на Сител
-
Раниери лут по мечот со Порто: Судијата едвај чекаше нешто да се случи, за да му ја подари победата на противникот
-
Изгоре куќа во село Иловица, струмичко
-
Продолжува судскиот процес со родилката од Дебар, ќе се презентира супер вештачењето
-
РСБСП со кампања за Св. Трифун, апелира - вози безбедно, вози со љубов
-
Во Хрватска денеска бојкот на пекарници и пекарски производи, од утре бојкот на нов трговски синџир
-
Утрово најстудено и најмногу снег на Попова Шапка
-
Стопанската комора на трговци на големо и мало на средба со министерот за економија
-
Премиерот Мицкоски ќе присуствува на Минхенската безбедносна конференција