ВМРО-ДПМНЕ: Тортурата и изживувањето на власта врз притворените ги надмина сите граници
Тортурата и изживувањето на Зоран Заев и власта со притворените патриоти ги надмина сите граници. Крајно нечовечки, на голем дел од неосновано притворените за 27-ми април, завчера им беше преиначена мерката од ефективен во куќен притвор, а веќе вчера, партискиот суд и обвинителство на Зоран Заев, одлучија повторно да ги приведуваат пред очите на нивните семејства.
Кој го нарача и кому му беше потребно ваквото малтретирање? Зошто некој сакаше семејствата повторно да ги проживуваат истите трауми? Што се смени во однос на околностите поради кои беше преиначен притворот?
Одговорот е ништо! Ништо освен што видовме и официјално сведочење и потврда пред судот дека Зоран Заев барал поткуп од едно евро за него, евро за партијата и евро за црквата од квадратен метар. После ова сведочење Зоран Заев нема кредибилитет да биде премиер. Ваков корумпиран политичар во секоја правна држава би имал забрана за вршење на јавна функција.
Токму ова сведочење мора да биде покриено со нови политички апсења и притвори без никаква основа. Сите политички неистомисленици мора да бидат заплашени и трауматизирани за да не кренат глас. Судството и јавното обвинителство мора да ја докажат својата лојалност кон Заев и власта.
Судот мора да пронајде сила и да се ослободи од стегите на власта и да суди во корист на правото. Сите граѓани мора да бидат еднакви пред законот.
Обвинителството мора да ги гони вистинските криминалци во Македонија од кои дел се наоѓаат на Илинденска бр. 2, наместо да ги гони патриотите и уставобранителите.
Обвинителството мора да запре со штанцањето на неосновани политички монтирани обвиненија против политичките неистомисленици на Зоран Заев кои први предупредија дека тој има нарушени морални вредности.
Во Македонија мора да се врати владеењето на правото. СДСМ сноси директна одговорност за крахот на правниот систем. Македонија мора повторно да стане правна и демократската држава за да се вратиме на патот на Евроатланските ингеграции и остварување на нашите стратешки цели.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Во пресрет на летнаta сезона Албанија има потреба од над 2.000 туристички работници
-
Притвор за две лица, нападнале полициски началник во дискотека во Кавадарци
-
Еден убиен во нова нарко пресметка кај бриселската метро станица „Клемансо“
-
Јунајтед го загуби Дијало до крајот на сезоната
-
Малолетник од Косово со возило удрил двајца пешаци во Скопје
-
Тешка сообраќајка во струмичко, загина 46-годишен возач
-
Невозможно е за осум месеци од македонското здравство да направите норвешко или шведско, вели Таравари
-
Трамп: Тој што ја спасува својата земја не прекршува никакви закони