ВМРО-ДПМНЕ: Таравари спречи нови лекови да бидат на примарната позитивна листа
ВМРО-ДПМНЕ смета дека министерот за здравство Арбен Таравари со поништувањето на одлуката за зголемување на доплатата на лековите спречил многу нови лекови (генерики) да се најдат на примарната позитивна листа, како и дека покажува непознавање на областа за референтните цени на лековите од позитивната листа - за примарна и болничка здравствена заштита.
- Оваа денешна одлука ќе покаже за многу скоро дали одново се враќа на голема врата фармацевтската мафија, која царуваше во време на претходните владеења на СДС. Со оваа своја одлука Таравари спречи многу нови лекови (генерики) да се најдат на примарната позитивна листа, се вели во реакцијата.
Според ВМРО-ДПМНЕ, Таравари искажал невистини дека оваа одлука била чувана во Министерството една година, а вистината е, наведува партијата, дека Управниот одбор на Фондот ја донел на 26 мај 2017 година.
ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата наведува и дека утврдувањето на референтните цени на лековите се врши според компаративна методологија на Фондот за цени на лекови, воведена уште во 2010 година.
Ново на Сител
-
Панче Тошковски од денеска ја извршува функцијата министер за внатрешни работи
-
Штети од невремето на градинарските насади во Пехчевско и околината
-
Фатмир Лимани ја презеде функцијата министер за социјална политика, демографија и млади
-
ДСЗИ иницира формирање комисија за да се утврди дали имало пропусти во лекувањето на новороденчето од Ресен
-
САД, Јапонија и Јужна Кореја со силна осуда на продлабочената воена соработка помеѓу Пјонгјанг и Москва
-
Претрес во Тетово, пронајдена дрога
-
Мицкоски ја презеде премиерската функција
-
Мисајловски: Посветено ќе работам за да бидеме горда на својата Армија