ВМРО-ДПМНЕ: Сведоштвата од случајот Рекет кажуваат дека главата на криминално рекетарскиот октопод се состанувала во домот на Боки 13

Заев, Спасовски, Шекеринска, Димитров, Филипче, Кирацовски, Ременска и десетици други владини и партиски функционери знаеле дека Боки 13 врти милиони евра и се расфрла со парите. Главното прашање во која мера учествувале во милионскиот рекет.
Само објективна и независна истрага може да докаже зошто со години го прикривале Боки 13 бидејќи никој не им верува дека не знаеле од каде е луксузот во неговиот дом. Само објективна и независна истрага ќе покаже зошто дури откако беа обелоденети снимките Спасовски мораше да лаже дека не се слушал со Боки 13, а Димитров да лаже дека немало никаква пријава до него. Само објективна истрага ќе покаже зошто Филипче договарал партнерства во домот на Бoки 13. Само објективна истрага ќе покаже дали Заев е човекот кој го предупредил Боки 13 дека е пријавен за рекет, и зошто Заев не покажува доказ дека го пријавил рекетот?
Ако веќе на сите им е јасно дека домот на Боки 13 станал оперативниот центар за Рекет, тогаш зошто биле честите посети на Шекеринска, Кирацовски, Ременски, Филипче и останати функционери на СДСМ на неговиот дом? Ако имавме професионално воден процес од страна на Русковска овие факти досега ќе излезеа на виделина. Исто така ќе се дознаеше дека амбасадорот на Латвија го известил МНР Никола Димитров дека на големо се рекетираат бизнисмени во Македонија. Јавноста ќе знаеше што има во писмата кои Катица Јанева ги испраќала до ЈО, за кои известуваат медиумите. И на крајот на краиштата ќе се дознаеше дали освен оперативниот центар за Рекет имало и друг центар кој што го осмислил и контролирал целиот Рекет?
Сведоштвата од случајот Рекет кажуваат дека главата на криминално рекетарскиот октопод се состанувала во домот на Боки 13 . Сите кои се замешани во рекетот ќе одговараат. Изборите на 12 април ќе помогнат оваа власт на Заев да замине и овој случај Рекет со ослободено и независно обвинителство и судство да добие вистинска разрешница.
Ново на Сител
-

БиХ: Голем пожар на депонија кај Мостар, воздухот е опасен за дишење
-

Макрон по средбата со Рама во Елисејската палата: Ја поддржуваме Албанија на патот кон ЕУ
-

Нестабилно време во Охридско-преспанскиот регион, променливото време продолжува до петок
-

Најмалку 13 лица загинаа во експлозија во гасниот комплекс „Рас Лафан“ во Катар
-

Багаи: Принципот „обврска за обврска“ е водечки во преговорите со САД
-

МВР: Вкупно девет пријави за семејно насилство во последното деноноќие, седум лица лишени од слобода
-

Два активни пожари на територија на државата, осум изгаснати
-

МВР: Лишени од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило
