ВМРО-ДПМНЕ: Судот потклекна на бескрупулозниот притисок на СДСМ
Само неколку часа, откако СДСМ се закани, и најави лични тужби против новинарите, Кривичниот суд ја измени сопствената одлука, и наместо обезбедување на присуство, изрече мерка притвор. Оваа одлука не е базирана, на закони и факти, туку е одлука донесена под жесток политички притисок и нема никаква врска со реалната состојба.
Ова го посочува ВМРО-ДПМНЕ во писмената рекација на промената на одлуката на Кривичниот суд Скопје 1 за случајот „Транспортер“ на СЈО.
- Сето ова единствено е поврзано со политичките игри на СДСМ и додворувањата на судството кое одсекогаш е мета и посакувана цел на СДСМ, но кога не им успева додворувањето и партиското лобирање почнуваат со заканите и притисоците. Илузорно е да се смета дека Владимир Талески ќе ја напушти државата, и ќе се даде во бегство, нешто за што непостои никаква индиција ниту здраворазумски факт. Ваквата одлука на Кривичниот суд има политичка намена, за кохетирање во јавноста од страна на СДСМ во отсуство на реални резултати и виситински дебакл на нивните антидржавни политики, се вели во реакцијата.
Целокупното работење на градоначалникот Талески, се додава, е базирано врз дословно спроведување на законот за јавни набавки.
Ново на Сител
-
Акција на МВР: Разбиени картели во Арачиново и Чаир
-
Агелер не е изненадена што Груби се најде на ,,црната листа''
-
Ново рочиште за убиствата на Вања и Панче
-
Мерко именувал библиотекар за директор на училиште
-
Законот за интонирање на македонската химна денеска пред пратениците: Јаневска очекува да добие поддршка
-
Дурмиши: Новогодишната кошничка ќе донесе заштеди над 1200 денари месечно
-
Депонијата Буково полна со отровен отпад
-
Преглед на вестите од светот