ВМРО-ДПМНЕ: Судот и обвинителството мора да се ослободат од стегите на власта
Истрагата за најголемата криминална афера во модерната македонска историја е компромитирана! Сите индиции велат дека во криминалниот октопод се вмешани лица од највисоките ешалони на извршната и судската власт, кои во изминатиот месец имаа доволно време на располагање да влијаат на истрагата и сведоците во случајот „Рекет“.
Очигледно е дека Русковска работи на тоа аболицираниот Зоран Заев и неговата криминална банда да бидат амнестирани. Русковска изминатиот месец стори се за главата на криминалниот октопод, Зоран Заев да биде ослободен од вина за милионскиот рекет.
Заев знае дека е виновен, знае дека времето на неговото криминално владеење е завршено и токму поради тоа е во паника. Тој напаѓа новинари и јавно ги навредува неговите довчерашни најблиски соработници, а цело ова време Русковска и Јовевски чекаат негова команда, кој следен чекор да го преземат.
Судот и обвинителството мора да се ослободат од стегите на власта и да постапат согласно нивната законска обврска. Судот и обвинителството наместо да го штитат мора да започнат да го гонат криминалот, во спротивно стануваат соучесници во криминалот и еден ден и самите ќе одговараат за тоа што го сториле.
Македонија веќе трета година е заложник на аболицираниот криминалец, Зоран Заев и неговата криминална банда. Македонските граѓаните веќе трета година се жртви на криминалниот тоталитарен режим на чело со Заев. Се ближи крајот на криминалната банда, секој еден кој се огрешил пред законот ќе одговара. Како што Заев милува да каже, најтешката казна во Македонија е затворот, кој сторил криминал ќе си го одлежи своето. Зоране време е ти да си одлежиш своето!
Ново на Сител
-

Мицкоски: Продолжуваме со реформите за забрзан европски развој на Македонија
-

Муцунски во Киев: Стоиме со Украина, таа е суверена држава и нејзиниот територијален интегритет мора да се почитува
-

Сител ТВ вработува новинар во веб редакција
-

Тројца полицајци пренесени на Клинички по тешка сообраќајка во Скопје
-

Македонскиот фолклор одекна во Бразил: „Малешевка“ и „Калајџиско“ на светската сцена во Нова Прата, настапите продолжуваат
-

Прва берба, прво меѓународно оценување и две злата за винаријата „Монтеко“ на престижниот „Мундус вини“ во Германија
-

Јаневска: МОН не доделило стипендија на синот на Милошоски
-

73-годишна жена фрлала дрва кон деца, ги бркала со остар предмет, па им ја дупнала топката во Кичево

