ВМРО-ДПМНЕ: Судот и Обвинителството да престанат да работат по партиски директиви
СДСМ шверцерски и неуставно се обиде да го протне законот за двојазичност.
СДСМ сега шверцерски се обидува да протне и промена на нашето име. Кое е името што Заев сам одлучил да и го предложи на Грција? Дали предлага само отстапки во однос на времената референца и дава предлози за меѓународното име или предлага некаков пакет? Кој му дал мандат на Заев и со кого се консултирал за да дава предлог на соседна Грција? Во чие име дава предлози?
Целата јавност, вклучувајќи ги и најверните симпатизери на СДСМ гледаат како Зоран Заев ја распродава и уништува државата. Гневот меѓу граѓаните секојдневно расне.
Затоа на Зоран Заев му е потребна помош од обвинителството и судот кои под притисок на власта мора да коструираат политички случаи. Затоа невини луѓе се испраќаат во притвори. Граѓаните мора да бидат дефокусирани од антидржавните политики на власта.
Четврти месец без никаков доказ пратеници, уметници, полициски службеници и патриоти се држат во притвор. Истрагата заврши, а со тоа отпадна и последниот основ за изживување и нивно држење во притвор.
Луѓето кои први го кренаа гласот против ова лудило, први се најдоа во македонските затвори, само поради фактот што се патриоти и искрено си ја сакаат својата држава. Оние кои беа најгласни и предупредуваа што оваа гарнитура ќе значи за Македонија се најдоа во притвор, само поради тоа што се спротивставија на антидржавните политики на Заев.
СДСМ го користи притворот како казна за сите неистомисленици и политички непријатели на Заев. Секој ден кои овие храбри луѓе го поминуваат во притвор како политички затвореници, за Македонија значи ден по далеку од Европската Унија и НАТО.
Ова лудило мора да запре. Обвинителството мора да започне професионално да работи и наместо да ги расчистува сметките на Заев со неговите политички противници да се справи со напливот на криминал кој дојде заедно со оваа власт. Судот мора да престане да работи по партиски директиви и наместо политика да дели правда. Македонија мора што побрзо да се врати на вистинската патека, патеката на демократијата, просперитетот и напредокот.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
600 семејства се на работ на сиромаштијата
-
Преглед на вестите од светот
-
Повисока цена по километар за приватните превозници, билетот за граѓаните не се менува
-
Тема на денот со Златко Перински, министер за локална самоуправа
-
Изгласан Буџетот на Град Скопје за 2025 година
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството се повлекува од гонење на Вељановски, Ристовски и Јанакиевски за 27 април
-
Ќе се разрешуваат членови на Судски?