ВМРО-ДПМНЕ: Судот ги одзема пасошите под политички притисок
ВМРО-ДПМНЕ денеска реагира за одземањето на патните исправи на неколку функционери на ВМРО-ДПМНЕ без притоа, како што истакнуваат, судот да посочи правна аргументација за тоа.
- Судот под политички притисок од страна на новата власт на СДС донесува одлуки надвор од секоја правна логика, одземајќи им ги патните исправи на неколку функционери на ВМРО-ДПМНЕ без да предочи убедувачка правна аргументација за тоа, изјави Марија Јакимовска пред Апелациониот суд.
Според неа, судот се наоѓа под организиран политички притисок и канонада од напади од страна на новата власт на СДСМ, медиумите под нивна контрола и СЈО. - Токму затоа истиот овој суд пред само година дена донесе одлука да му го врати пасошот на Зоран Заев кој беше фатен како изнудува поткуп од 200.000 евра. Судот трпеше уцени и дозволуваше да биде понижуван од страна на Зоран Заев, кој бегаше од закажаните рочишта заради наводни средби со странски амбасадори, средби кои по само неколку часа беа демантирани од самите амбасадори. Судот беше притиснат и молчеше и кога Зоран Заев јавно од партиска говорница изјави дека не го признава и нема да се појавува на рочиштата против него, рече Јакимовска.
ВМРО-ДПМНЕ, додаде, верува дека македонското судство има капацитет да одолее на притисоците и да си го обели образот со донесување одлуки исклучиво врз основа на позитивните законски норми на Република Македонија.
- Сите учесници во политичката хајка против ВМРО-ДПМНЕ треба да знаат дека власта не е дадена еднаш за секогаш и секоја незаконска одлука ќе биде ревидирана, а за прекршителите на законот ќе следи одговорност по промената на власта и враќање на правната држава и владеењето на правото во органите на власта, истакна Јакимовска.
Ново на Сител
-
Руско МНР: Европа нема право да учествува во преговорите за Украина
-
Со инвестиција од над една милијарда евра во енергетиката во земјава влегува турската групација „Казанчи Холдинг“
-
Во Белград протест на просветните работници, а студентите од различни градови пешки тргнаа кон Ниш
-
Со помош на изработен лажен клуч, две лица провалиле во стан во Скопје и одзеле 250 евра и накит
-
Кремљ го прифати извинувањето на Вучиќ за гласањето за резолуцијата во ОН
-
Две заторенички физички се пресметале во КП Идризово, едната се здобила со тешки телесни повреди
-
Пријава за „злоупотреба на службена положба и овластување“ за четворица струмичани од Комуналец
-
Таравари најавува законски измени за департизација на здравството