ВМРО-ДПМНЕ: Стопанството губи над 1 милион евра дневно плаќајќи скапа струја заради Ковачевски

Стопанството губи над 1 милион евра дневно плаќајќи скапа струја заради Ковачевски.
Владата на антимакедонската СДС за да може да прави криминал увезува скапа струја, наместо да произведува во домашните капацитети, по далеку пониски цени.
ТЕЦ Неготино работи со капацитет од 90 мегавати, и неискористени се 130 мегавати. Тоа е струја која се увезува од странство по берзански цени, а може да се произведе во Македонија по цена од 150 до 170 евра за мегават час. Со тоа фирмите би плаќале струја нешто над 200 евра за мегават час. И ќе заштедат четирикратно.
Антимакедонската СДС не произведува доволно струја и не го користи ТЕЦ Неготино да произведе струја за бизнисот затоа што навреме не набави мазут.
Кога сите во регионот и Европа се снабдуваа со гас, нафтени деривати и мазут Ковачевски ја распродаваше историјата и идентитетот, наместо да фати и да ја подготви државата за тешката зима која доаѓа.
Струјата на светските берзи ќе станува се поскапа, а антимакедонската СДС нема план како да им помогне на фирмите. Го прашуваме Ковачевски да каже, што планира и како ќе му помогне на стопанството? Ако повторно задоцни, штетите ќе бидат преголеми.
ВМРО-ДПМНЕ уште пред половина година кажа што треба да направи владата за да го спречи ценовниот шок кај струјата, но суетата на Ковачевски не му дозволува да имплементира совети на ВМРО-ДПМНЕ, и додека тој се бори сам со себе Македонија тоне.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

СЗО: Бројот на случаи со хантавирус во светот намален на 10
-

Вардар е нов шампион на Македонија - 12-та титула за нашиот најтрофеен клуб
-

Кремљ соопшти дека се завршени подготовките за претстојната посета на Путин на Кина
-

Уапсен 26-годишен скопјанец кој се обидел да изнуди 8.000 евра од 61-годишник
-

Жена се породила во двор во Конче, новороденчето без знаци на живот донесено во болницата во Штип
-

Приведен 19-годишник кој крадел алкохол од маркет
-

Прегазена 92-годишна жена во Скопје
-

Кривична за маж од гостиварско за демнење на 15-годишно девојче
