Македонија
1. February 2017 - 15:23

ВМРО-ДПМНЕ: Ставот дека не треба да има нови избори не е на официјален Вашингтон

ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение оцени дека со својот одговор Амбасадата на САД потврдила дека ставот во однос на нови избори не е официјален став на Вашингтон. 

- Одговорот на Амбасадата е краток и кажува се. Очигледно е дека нема потврда дека станува збор за официјален став и сугестија на новата администрација во Вашингтон дека не треба да има нови избори, односно дека партиите во сегашниот состав мора да разговараат за формирање на идната влада, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на одговорот на Амбасадата на САД во Македонија.